петок, 18 октомври 2024

Жител на Требош повикан во полиција, му заканувал на тетовскиот градоначалник Касами

Четириесет и тригодишниот Ј.В., жител на село Требош вчера претпладне бил повикан во СВР Тетово како осомничен дека преку телефонска порака му се заканил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека за Ј.В.  постои основано сомневање дека извршил кривично дело загрозување на сигурноста.

Осомничен е дека се заканувал завчера, а бил пријавен вчера околу 10:30 часот во СВР Тетово од градоначалникot Касами. Eден час подоцна бил повикан во полиција.

„Градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 23:40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, наведува МВР во полицискиот билтен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ