„Ќе се задржи топлото време, но со постепено опаѓање на дневната температура“, велат синоптичарите.
Во Скопје, во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Од Управата за хидрометеоролошки работи препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.