понеделник, 21 октомври 2024

Зградата на германската јавна телевизија евакуирана поради дојава за бомба

Зградата на јавниот сервис, втора програма на германската радио и телевизиска станица ЗДФ, во Мајнц е евакуирана утринава по дојава за бомба, но заканата набрзо се покажало дека била лажна, соопшти полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Анализата на стручните лица на Покраинската канцеларија за борба против криминалот покажа дека нема конкретна опасност“, соопшти полицијата околу еден час откако на адресата на управата на ЗДФ во Мајнц пристигнал мејл со закана, по што била евакуирана зградата со околу 600 вработени.

Во меѓувреме објектот бил претресен од специјални полициски екипи со кучиња трагачи. Според соопштението на ЗДФ, евакуацијата не влијаела на тековната програма. Засега не се објавени деталите за заканата и кој стои зад заканата.

Последните денови безбедносната ситуација во Германија е тензична поради војната во Израел, а подигнат е и степенот на заштита на објектите кои припаѓаат на еврејската заедница. Членовите на медиумите беа нападнати во неколку наврати во изминатите денови на забранетите пропалестински протести. Пропалестинските организации ги критикуваат медиумите во Германија за нивното еднострано покривање на конфликтот во Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ