вторник, 22 октомври 2024

Зголемен е бројот на полицајци кои работат на граничниот премин Табановце

На граничниот премин Табановце вчера и денеска од полноќ до 8:30 часот утрово, од Македонија излегле 1.353 патници, а влегле 3.536, соопшти денеска МВР. Во екот на туристичката сезона, модернизација и унапредување на работата на граничните премини, но и реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир биле темите во фокусот на денешната средба помеѓу министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР велат дека во овој период зголемен е бројот на патници и возила со оглед на годишните одмори.
Полицијата, информираат оттаму, ги презема сите мерки и активности, со цел да излезе во пресрет на сите патници и возила кои го користат овој граничен премин и се ангажираат дополнителни сили, се стават во функција сите расположливи сообраќајни ленти.

„Со оглед на годишните одмори и летниот период нормално е и очекувано да имаме зголемен број на патници и возила имајќи предвид дека земјава се користи како транзит земја за туристите на кој крајна дестинација им е Грција, a во овој период имаме и наплив од дијаспората која доаѓа во државата. Согласно ангажманите односно ангажирањето на поголем број на полициски службеници за пасошка контрола се обидуваме времето за пасошка контрола да биде сведено на минимум време за чекање“, велат од МВР.

Туристите кои претпладнево ја поминуваа границата кажаа дека чекаат по 15 до 20 минути, што и за нив е изненадувачки брзо и ефикасно, бидејќи велат свесни дека е ек на туристичката сезона и самите очекуваат метеж на граничните премини, патарините. 

Токму модернизација и унапредување на работата на граничните премини, но и реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир биле темите во фокусот на денешната средба помеѓу министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

„На средбата со Николовски се разговараше за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини. Се работи за проектот за новиот систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарски таблици преку кој се инсталираат преку 350 типови на надзорни камери на граничните премини“, соопштија од Министерство за транспорт.

Исто така, како што посочуваат, на средбата соговорниците разговарале и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, проект кој ќе започне да се реализира во скоро време, а било отворено и прашањето за имплементција на едношалтерскиот систем „Еден прозорец“ преку кој ќе се поврзат државните институции за подобрување на услугите за граѓаните и бизнис секторот.

Министерот Николоски истакнал уверување дека проектите се реализираат со потребната динамика, се со цел да се унапреди системот на услуги што се овозможува на граничните премини.

„Подобрување на условите за работа на граничните премини е процес кој го спроведуваме во соработка со Царинската управа и преку кој создаваме систем на квалитетни услуги за сите економски оператори. Со реализација на овие проекти  го унапредуваме транспортотот, ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини   и ова се проекти со кои обезбедуваме бенефит за Министерството за транспорт,  за Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други државни институции. Ова е од огромно заначење и за регионалната соработка како владин приоритет“, истакнал на средбата Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ