вторник, 22 октомври 2024

Земјоделци протестираат на експресниот пат Штип – Велес

Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово од 12 часот излегоа на протест со блокада на експресниот пат Штип – Велес кај местото викано Овче Поле.

Објавено на

часот

Сподели

Земјоделците најрпво направија целосна блокада на патот, а во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници. Протестот ќе трае два часа.

Драги Павлов од село Црнлиште изјави дека земјоделските површини на кои одгледуваат детелина, бостан, лозја, пиперки, патлиџани се оставени без вода, со што како земјоделци трпат штети и годинава ќе им бидат намалени приносите. Забележува дека околу земјоделците од 15 села во општините Свети Николе и Лозово со децении имаат проблеми со наводнувањето од ХС Брегалница, а како што вели Павлов,  надлежните од овој систем за наводнување не се придржуваат на планот за рестрикции на водата за наводнување.

„Во каналот за наводнување нема капка вода и овој народ ќе има последици и бараме водата да ни ја пуштат веднаш. Штетите на земјоделските култури се огромни, имаме површини каде што нема ниту капка вода за наводнување, а сите плаќаме воден надоместов“, вели Павлов.

Земјоделецот Владо Здравковски се пожали дека со децении е истиот проблем за земјоделците од Овче Поле.

„Изгоре родот и веќе е ова срамно за оваа држава. Мицкоски да ги слушне земјоделците од овој регион, рече Здравковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ