петок, 25 октомври 2024

Земјите од Персискиот залив ја потврдија поддршката за мароканска Сахара

Земјите од Советот за соработка во Заливот, предводени од министрите за надворешни работи на Кувајт, Бахреин, Оман, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, поддржани од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во посета на Саудиска Арабија, одржаа состанок на кој се дискутираше за низа регионални и меѓународни прашања и агенди.

Објавено на

часот

Сподели

Во преамбулата на состанокот и преку изјавата на генералниот секретар на Советот за соработка, Џасим Ал Будаиви, тие ја потврдија својата континуирана поддршка за мароканска Сахара и за територијалниот интегритет на Кралството Мароко, а воедно ги поздравија и иницијативите предводени од кралот на Мароко, Мохамед VI.

Паралелно на овој настан во неделата во Ријад, по повод заедничкиот министерски состанок на Советот за соработка меѓу Мароко и Земјите од заливот, Ал-Бадави потврди дека земјите од Заливот ја поздравуваат африканско-атлантската иницијатива на Мохамед VI, која ќе ја зајакне соработката меѓу Сахел земјите и земјите кои граничат со Атлантикот.

Портпаролот ја истакна важноста на стратешкото партнерство меѓу Мароко и земјите од Советот за соработка во Заливот, како и нивната желба за зајакнување на економските врски меѓу двете страни.

Земјите членки на Советот воедно ги пофалија реформите и проектите иницирани од Мароко, под водство на Мохамед VI, кои овозможуваат напредок на економски, социјален и инфраструктурен план во Кралството.

Премиерот и министер за надворешни работи на Катар и претседател на тековната седница на Советот, Мохамед бин Абдул Рахман Ал Тани, му честиташе на Кралството Мароко за победата во организацијата на Светското првенство во фудбал во 2030 година заедно со Шпанија и Португалија, нагласувајќи ја подготвеноста на земјите од Советот да ја дадат потребната поддршка на Мароко и да учествуваат во спроведувањето на проектите што се иницирани во оваа северноафриканска земја.

На заедничкиот министерски состанок меѓу земјите од Советот за соработка во Заливот и Кралството Мароко присуствуваа Насер Бурита, министер за надворешни работи, африканска соработка и Мароканци кои живеат во странство и министрите за надворешни работи на земјите од Советот за соработка во Заливот.

Сите учесници се согласија дека средбата претставува можност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете страни, во согласност со визијата на кралот Мохамед VI и земјите од Советот.

Советот за соработка во Заливот е составен од Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ