вторник, 22 октомври 2024

Зеленски: Си ми даде ветување, ќе видиме каков човек е

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол дека Кина нема да ѝ продава оружје на Русија, кажа Зеленски зборувајќи на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Џо Бајден на самитот на Г7 во Италија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој не прецизираше кога е одржан разговорот со Си. Последниот јавно познат телефонски разговор меѓу Зеленски и Си беше во април 2023 година, единствен таков повик од почетокот на руската инвазија.

„Имав сериозен разговор со лидерот на Кина. Тој рече дека нема да ѝ продава никакво оружје на Русија. Ќе видиме дали е човек достоен за почит“, рече Зеленски на англиски јазик.

Бајден се огласи кога Зеленски го завршуваше својот говор, велејќи: „Патем, Кина не испорачува оружје, туку способност за производство на тоа оружје и достапната технологија за тоа, така што всушност ѝ помага на Русија“.

Зеленски рече дека ако Киев и Кина имаат исти ставови за мир, може да дојде до дијалог меѓу нив и дека ако Пекинг има алтернативен став, може да подготви алтернативна „формула за мир“.

Украинскиот лидер ја промовираше својата визија за мир во Украина, која ја нарекува своја „формула за мир“.

Овој викенд Швајцарија би требало да биде домаќин на меѓународни делегации од десетици земји и организации на самитот што ќе се обиде да го приближи мирот во Украина.

На крајот на минатиот месец Кина соопшти дека нема да учествува на мировната конференција за Украина организирана од Швајцарија.

Околу 40 шефови на држави и влади, заедно со делегации од 90 земји и организации, се очекува да присуствуваат на самитот викендов во одморалиштето Бургенсток на Луцернското езеро. Русија не беше поканета и го отфрли настанот како западна пропаганда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ