вторник, 22 октомври 2024

Зеленски се огласи откако ЕУ одобри помош од 50 милијарди евра

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека континуираната финансиска поддршка од Европската унија ќе ја зајакне економската и финансиската стабилност на земјата.

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарен сум на Шарл Мишел и на лидерите на ЕУ што основаа фонд за Украина од 50 милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година. Многу е важно што одлуката ја донесоа сите 27 лидери, што уште еднаш го докажува силното единство на Унијата“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека „континуираната финансиска поддршка на ЕУ за Украина ќе ја зајакне долгорочната економска и финансиска стабилност, што не е помалку важно од воената помош и санкциите против Русија“.

Сите 27 лидери постигнаа договор за дополнителен пакет поддршка за Украина од 50 милијарди евра, во рамките на буџетот на ЕУ, објави претходно денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Имаме договор“, изјави Мишел на социјалната мрежа Икс.

Лидерите на ЕУ со тоа успеаја да го надминат противењето на Унгарија за обезбедување финансиска помош за Украина.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека Унгарија е подготвена да учествува во одлуката на ЕУ да ѝ пружи помош на Украина, но со гаранции дека секоја година ќе се одлучува дали ќе се издвојат пари за нова помош или не.

Орбан стави вето на помошта од 50 милијарди евра за Украина на претходниот самит на Европскиот совет, кој се одржа во средината на декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ