вторник, 22 октомври 2024

Зеленски се обрати пред швајцарскиот парламент, десничарите беа против

Објавено на

часот

Сподели

„Знам дека Швајцарија разговара за извоз на воен материјал за заштита и одбрана на Украина. Тоа би било клучно“, рече Зеленски во обраќањето до украинскиот парламент преку видео врска. „Потребно ни е оружјето за да го вратиме мирот во Украина“, додаде тој.

Швајцарија има долгогодишна политика на забрана за препродажба на швајцарското оружје на земјите во конфликт. Кон крајот на минатата година оваа земја воведе ембарго за продажба на муниција на Русија и Украина.

Прашањето поттикна дебата во Швајцарија, која се обидува да одржи рамнотежа помеѓу својата традиционална политика на неутралност и грижата за своето европско соседство и домашното производство на оружје. Зеленски ѝ се заблагодари за приклучувањето кон европските санкции против Русија и ја покани да биде домаќин на светскиот состанок за мир.

„Многу е важно да се покаже солидарност бидејќи овие санкции помагаат да се стави крај на агресијата“, рече украинскиот претседател, нагласувајќи дека санкциите треба да се зајакнат. „Би сакал да Ве поканам да одржите глобален собир за мир. Таму можете да преземете водечка улога и да ја искористите својата национална експертиза“, рече Зеленски.

Неговото обраќање ги поттикна тензиите во парламентот, откако десничарската Швајцарска народна партија оцени дека говорот ја нарушува неутралноста на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ