вторник, 22 октомври 2024

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам колку време ќе трае. Да бидам искрен, може да се одвива на различни начини, сосема поинакви. Но, ние ќе го направиме тоа и сме подготвени“.

Киев се надева дека контраофанзивата за враќање на територијата ќе ја промени динамиката на војната што беснее откако Русија го нападна својот помал сосед пред 15 месеци. Зеленски минатиот месец рече дека Украина мора да почека да пристигнат уште западни оклопни возила пред да започне контраофанзивата.

Тој направи дипломатски напори да ја задржи поддршката од Западот, барајќи поголема воена помош и оружје, кои се од суштинско значење за Украина да успее во своите планови. Русија држи делови од украинската територија на исток, југ и југоисток.

Долгиот период на суво време во некои делови на Украина ги поттикна очекувањата дека контраофанзивата може да биде неизбежна. Во текот на изминатите неколку недели, Украина ги засили своите напади врз руските складишта за муниција и логистичките рути.

Во саботата, украинската војска во дневен извештај објави дека Марјинка во источниот регион Доњецк била во фокусот на борбите. Украинските сили ги одбија сите 14 напади на руските сили таму, се вели во извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ