Зеленски на прес-конференција во Киев рече дека не може да го открие бројот на ранетите бидејќи тоа ќе помогне во планирањето на руската војска.
„Околу 31.000 украински војници беа убиени во оваа војна. Не 300.000, не 150.000, како што лаже Путин… Но, сепак, и ова е голема загуба за нас“, рече Зеленски.
Украина не објавуваше податоци за своите воени загуби од крајот на 2022 година, кога советникот на Зеленски, Михаил Подољак, рече дека 13.000 украински војници биле убиени од почетокот на инвазијата на 24 февруари.
Русија не ги открива воените загуби, кои ги смета за тајни, пренесува Ројтерс.