недела, 9 февруари 2025

СДСМ: Судијката Алексоска Стојановска е од „тефтерчето“ на Јанкуловска

После трагедијата што се случи со прегазувањето на младата Фросина нацијата е во жалот, а гневот на народот е огромен и реален. Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија за проблемите, од ДПМНЕ етикетираат луѓе, лажат и манипулираат, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Објавено на

часот

Сподели

„Срамно и недозволиво е ВМРО-ДПМНЕ да го злоупотребува овој трагичен настан, кога добро знаат дека и судијката и таткото на сторителот се блиски до нивната партија. Судијката Даниела Алексоска Стојановска е избрана токму од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на нивниот режим, на 8 февруари 2012 година. Таа е дел од фамозното ‘тефтерче’ на Гордана Јанкулоска, симбол на партиските влијанија врз судството. Граѓаните добро знаат како се избираа судии тогаш и чии кадри се тие. Етикетирањето и лажните обвинувања се очајна стратегија која покажува дека Владата бега од решенија и јавната болка сака да ја сведе на политички пазар.

СДСМ нема да дозволи манипулации со човечки трагедии. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да престанат со некрофилски политики и да почнат да бараат решенија за вистинските проблеми – дивеењето по улиците и неспособноста на министерот Тошковски да воспостави ред и безбедност во државата“, реагираше СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ