среда, 30 октомври 2024

Зеленски: Очекувам нови санкции кон Русија, да се укинат трговските ограничувања кон Украина

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски истакна дека очекува Европската Унија наскоро да одобри дополнителни санкции против Русија поради инвазијата на Украина, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека трговските ограничувања што ѝ ги наметнаа на Украина нејзините источноевропски соседи се „апсолутно неприфатливи“ и дека Киев очекува „силни одлуки“ од Европа да ги укине.

На заедничката прес-конференција со Фон дер Лаен во Киев, Зеленски ги опиша тие ограничувања како „остри и протекционистички“ и рече дека ѝ одат во прилог на Русија.

Европската Унија е спремна да ѝ обезбеди на Украина еден милион артилериски куршуми.

„Секој ден Украина ја покажува ефикасноста на нашата одбрана од руската агресија. Секој соборен терористички проектил, секој успех на нашите војници во одбивањето на руските напади е доказ дека можеме да го победиме овој агресор“, рече шефот на украинската држава.

Во исто време, тој ја истакна важноста на пропорционалноста на можностите на Украина со оние на Руската Федерација. „Во овој контекст, денеска ѝ се заблагодарив на Урсула за спремноста на ЕУ да ѝ ја обезбеди на Украина толку потребната муниција, еден милион артилериски куршуми“, додаде претседателот на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ