вторник, 22 октомври 2024

Зеленски: Нападот во Дагестан е дел од распространетата руска култура на омраза кон други народи

Рускиот упад на аеродромот во Дагестан во потрага по Евреи кои доаѓаат од Израел не е изолиран инцидент, туку дел од распространетата руска култура на омраза кон други народи, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Објавено на

часот

Сподели

„За руската пропаганда на официјалната телевизија, реториката на омраза е рутина. Рускиот министер за надворешни работи даде низа антисемитски забелешки во текот на изминатата година. Рускиот претседател исто така користеше антисемитски навреди“, изјави Зеленски, пренесува Гардијан.

Украинскиот претседател додаде дека руските идеолози давале антисемитски изјави и по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток.

„Рускиот антисемитизам и омразата кон другите народи е системски и длабоко вкоренет. Омразата е она што ја поттикнува агресијата и теророт. Сите треба да работиме заедно за да се спротивставиме на омразата“, рече Зеленски.

Лидерот на руската република Дагестан Сергеј Меликов, денеска, без да обезбеди никакви докази, изјави дека овие немири се организирани од украинската територија, каде што во тек е конфликтот меѓу Киев и Москва.

„Иницијатори на таа акција, очигледно се наши непријатели, оние кои ги организираа тие акции од територијата на Украина“, изјави тој пред новинарите, пренесува руската агенција Риа Новости.

Повеќе десетици мажи синоќа упаднаа на аеродромската писта и терминалот на аеродромот во Махачкала, главниот град на доминантно муслиманската руска република Дагестан, по најавата за пристигнување на лет од Израел.

„Идентификувани се повеќе од 150 активни учесници во немирите, а 60 од нив се приведени“, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за внатрешни работи. Се додава дека во тек е операција за откривање на сите напаѓачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ