Зеленски укажа на големата разлика во воената сила меѓу Русија и остатокот од Европа. Украинската војска има 110 бригади, додека Русија располага со 220 бригади, а планира да го зголеми тој број на 250 до крајот н годината. Од друга страна, цела Европа, вклучувајќи ги американските сили стационирани на континентот, имаат само 82 борбени бригади.
„Без Украина, Русија би можела целосно да ја окупира Европа, ако го посака тоа. а верувам дека ништо друго не им е на ум“, кажа Зеленски во интервјуто.
„Во моментов украинската војска од 110 бригади го држи под контрола противникот кој има 220-230 бригади. Односот на силите е еден наспрема два“, избори Зеленски. Тој додаде дека Русија, во однос на Европа, има бројчана предност од три наспрема еден, што е доволно за потенцијална офанзива.
Според него, Русија планира дополнително да ги засили своите сили со мобилизација и обука на нови војници и вклучување на севернокорејски борци. Зеленски тврди дека украинските разузнавачки служби имаат информации дека новите руски регрути ќе поминат обука во Белорусија.
„Кога ќе бидат спремни, ќе можат да тргнат во општа офанзива од Белорусија. Но кој вели дека ќе ја нападнат само Украина? Русија може да ги нападне Полска или Литванија“, предупреди украинскиот претседател.
Зеленски пред еден месец кажа дека украинската војска брои 880.000 војници, кои ја бранат земјата од 600.000 руски војници распоредени во специфични подрачја.