вторник, 18 март 2025

За понудата на Зеленски за размена на територии Кремљ вели: „Глупости“

Дмитри Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, го отфрли како „глупост“ предлогот на Киев за размена на делови од руската територија што се под негова контрола за делови од Украина што се под контрола на Москва, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за весникот Гардијан дека планира да ѝ понуди на Русија директна размена на територии за да ѝ се стави крај на војната.

Медведев, кој беше руски претседател од 2008 до 2012 година, рече дека Русија покажала дека може да постигне „мир преку сила“, вклучувајќи ги нападите со беспилотни летала и ракети што денеска го погодија Киев. Русија контролира нешто помалку од 20 отсто од Украина, или повеќе од 112.000 квадратни километри, додека Украина контролира околу 450 квадратни километри од западниот руски регион Курск, според картите на бојното поле.

Зеленски вчера изјави дека планира на Русија да ѝ понуди територијална размена во преговорите, односно да се откаже од земјата што Киев ја држи во руската област Курск. „Ќе размениме една територија за друга“, рече тој, но додаде дека не знае кој дел од окупираната територија Украина би го побарал за возврат. „Не знам, ќе видиме. Но сите наши територии се важни, нема приоритети“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ