вторник, 22 октомври 2024

Зеленски му порача на најмоќниот генерал да поднесе оставка. Тој одби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од високиот воен командант Валериј Залужни да поднесе оставка во понеделникот, но популарниот генерал одби, што предизвика шпекулации дека ќе биде разрешен. Тензиите меѓу двајцата тлеат со недели поради неуспешната летна контраофанзива на Украина, но веста за можното отпуштање на Залужни сепак за многумина беше шок, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Олексиј Гончаренко, пратеник од украинската опозиција и сојузник на генералот, за Гардијан изјави дека „претседателот побарал од Залужни да поднесе оставка пред два дена, но тој одбил“. „Мислам дека ова е лоша идеја. Нема големи проблеми меѓу нив, но канцеларијата на Зеленски е загрижена дека Залужни дава политички, а не воени изјави“, рече Гончаренко.

Во понеделникот попладне на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека Залужни наскоро би можел да добие отказ. Неколку часа подоцна, украинското Министерство за одбрана објави: „Почитувани новинари, веднаш им одговараме на сите: Не, тоа не е вистина“. Гончаренко рече дека Зеленски може да го смени Залужни и да го замени, процес кој бара поддршка од министерот за одбрана, по проценката како ќе реагира јавноста и сојузниците на Украина.

Најверојатната замена ќе биде Кирил Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, одговорен за тајните операции против Москва. Буданов беше пофален на почетокот од оваа година како замена за Олексеј Резников на местото министер за одбрана, во уште една долга сага за отпуштање која започна слично како онаа со Залужни.

Украинската контраофанзива која започна во јуни не успеа да ги пробие руските линии, но се чини дека вистинскиот спор меѓу претседателот и неговиот врвен генерал е политички.

Украинскиот генерал е најпопуларната личност во земјата покрај претседателот, а неговата висока позиција ја иритира канцеларијата на Зеленски, особено додека размислува дали да се одржат нови избори, кои во моментов се суспендирани поради вонредната состојба, пишува Гардијан.

Залужни неодамна во ретко интервју за Економист изјави дека верува оти војната е во застој и повика на нова помош од Западот, но неколку дена подоцна Зеленски ја отфрли таа негативна проценка.

„Секој се уморува, без разлика на статусот. А имаме и различни мислења. Но, не сме во застој“, одговори тогаш Зеленски. Украинските медиуми со месеци шпекулираат дека Залужни ќе биде единствениот противкандидат на Зеленски за претседател доколку се распишат нови избори.

Во ноември Зеленски ги предупреди генералите да не влегуваат во политика. Тој рече дека би било „голема грешка“ ако командантите „управуваат со војната со цел утре да се занимаваат со политика или избори“.

Обраќајќи му се директно на воениот командант, тој додаде: „Со сета почит кон генералот Залужни и сите команданти кои се на бојното поле, постои хиерархија, во која претседателот е на врвот“.

Во декември протече анкета, според која Залужни би бил најголемиот противник на Зеленски. Според анкетата, Зеленски тесно би го победил, со два бода во вториот круг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ