вторник, 8 октомври 2024

Зеленски ја исклучи можноста за договор со Русија: Нема преговори со Москва

Киев не планира да отстапи територија за да постигне мир во конфликтот со Русија, порача претседателот Володимир Зеленски по медиумските извештаи дека Западот размислува да поддржи договор во кој Москва задржува фактичка контрола над некои области кои се дел од Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски во редовното обраќање порача дека украинските функционери следната недела ќе разговараат за „планот за победа“ на Киев со западните спонзори, тврдејќи дека тоа ќе помогне во јакнењето на земјата, особено во воената сфера.

Киев допрва треба да го објасви својот „план за победа“. Повеќе медиумски извештаи, меѓутоа, наведуваат дека планот вклучува западни безбедносни гаранции за Украина, продолжување на упадот на Киев во руската Курска област за да имаат „територијален преговарачки инструмент“, испораки на „одредено напредно оружје“ од западно производство и уште многу западна финансиска помош за Украина.

Планот минатиот месец Зеленски го претстави во Вашингтон, а наводно бил примен со скепса и оценка дека главно претставува „листа на желби“, наведува Блумберг.

„Ова е нашата цел – да ѝ се гарантира сигурен мир и безбедност на Украина. Тоа е можно само врз основа на меѓународното право и без какво било преговарање за суверенитетот или тргување со територии“, порача Зеленски.

Фајненшал тајмс објави дека западни и украински дипломати „дошле до ставот дека значителни безбедносни гаранции би можеле да бидат основа за договорно решение во кое Русија задржува фактичка, но не и официјална контрола над сите или дел од украинската територија“.

ФТ истакнува дека тоа претставува „преќутно прифаќање дека тие територии треба да се вратат по дипломатски пат во иднина“, додавајќи дека тоа останува табу тема за Киев, барем во јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ