недела, 10 ноември 2024

Русите ги ставија во состојба на готовност лансирните системи кои можат да носат нуклеарно оружје

Системите за лансирање проектили способни да носат нуклеарно оружје се ставени во состојба на борбена готовност, објавија руските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинската агенција ТАСС објави снимка за која кажа дека прикажува лансирни системи за интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) „јарс“ кои се наоѓаат во Новосибирск, во Сибир. На снимката се гледа изнесување на оружје од складиште и по пат.

ТАСС објави дека се проверува „подготвеноста на персоналот и опремата за ситуацијата на теренот“.

Јарс РС-24 е стратегиски нуклеарен проектил со дострел до 12.000 километри и распон на прецизност од 250 метри. Може да се постави на камиони носачи или да се распореди во силоси.

Од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 рускиот претседател Владимир Путин предупредува на ескалациите со западното оружје од земјите кои го поддржуваат Киев.

Путин минатиот месец најави промени на руската нуклеарна доктрина за околностите во кои Москва би можела да употреби нуклеарно оружје. Промените вклучуваат можност за негова употреба против држави кои имаат поддршка од нуклеарни сили, што може да се однесува на Украина доколку Вашингтон ѝ одобри користење на оружје со долг дострел за гаѓање длабоко во руска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ