недела, 10 ноември 2024

Почина Јохан Нескенс, една од најголемите холандски фудбалски легенди

Eден од најдобрите холандски фудбалери од 70-тите години и еден од архитектите на „тоталниот фудбал“ од тоа време, Јохан Нескенс почина во неделата на 73-годишна возраст, објави холандскиот фудбалски сојуз.

Објавено на

часот

Сподели

Несекенс беше играч за врска кој се сметаше за еден од најважните соработници на Јохан Кројф како во Ајакс така и во Барселона и холандската репрезентација.

„Со заминувањето на Јохан Нескенс, холандскиот и светскиот фудбал изгуби легенда“, објави сојузот.

Со Ајакс Нескенс освои три титули во низа европски шампион од 1971 до 1974 година, додека со Холандија двапати завршуваше како второпласиран на светски првенства губејќи финалиња од домаќините (Германија 1974) и Аргентина (1978).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ