сабота, 19 октомври 2024

Зеленски и Пригожин се соседи во одморалиште на брегот на Тиренско Море

Објавено на

часот

Сподели

Слободно може да се каже дека од вилата на Зеленски до вилата на Пригожин има само пет минути пешачење низ мирното соседство на Виторија Апуан, во сенката на стогодишните борови и расцутените бугенвилии во ова луксузно одморалиште, наведе германскиот весник.

Меѓутоа, Зеленски и Пригожин не летуваат во ова луксузно одморалиште, бидејќи заедно со своите војници или платеници веќе 17 месеци жестоко се борат еден против друг, во Донбас, Крим и Днепар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, или италијанската компанија што ја застапува неговата сопруга Олена, ја купи вилата на улицата Виа Матео Цивитали пролетта 2019 година, во време кога Зеленски сè уште беше само претседателски кандидат.

Според италијанските медиуми, куповната цена на тој имот со 15 соби, базен и добро уредена градина била околу 3,9 милиони евра, а сопругата на украинскиот претседател ја користела оваа куќа најмногу еднаш, во првото лето на руско-украинската војна во 2022 година.

Семејството Пригожин се веќе некое време во овој мал град во крајбрежната Тоскана.

Одморалиштето Форте деи Марми стана луксузна дестинација за аристократијата и богатите Италијанци пред околу еден век, кога основачот на Фиат, Едоардо Ањели, беше меѓу првите што купи своја вила.

Вила Арина во улицата Фратели Рочели во Форте деи Марма индиректно припаѓа на семејството на Евгениј Пригожин, шеф на руската приватна безбедносна група Вагнер.

Во 2017 година, во име на Пригожин, руски претприемач ја купи оваа луксузна двокатна куќа од 400 квадратни метри со градина од 16 хектари и базен, за околу 3,5 милиони евра, а оттогаш речиси секој руски олигарх има купено некој недвижен имот во ова место.

Последната година пред пандемијата, повеќе од 15.000 Руси летувале во Форте деи Марми, но во периодот на изолација поради пандемијата во 2020 и 2021 година, а потоа и санкциите наметнати од Запад кон Русија, бројот на руски туристи се намали.

Оваа година, во првата сезона по официјалниот крај на пандемијата, речиси 10.000 Руси летуваа на ова место во северозападна Тоскана.

Според тврдењата на хотелиери, угостители и локални политичари, никогаш немало никакви проблеми меѓу Русите и Украинците во Форте деи Марми – ниту пред избувнувањето на конфликтот во Украина, ниту потоа.

Како што велат, и Русите и Украинците се подеднакво популарни меѓу деловните луѓе и туристичките работници бидејќи припаѓаат на групата „големи потрошувачи“, наведува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ