сабота, 13 јули 2024

Зеленски ги критикуваше ОН и Црвениот крст

Објавено на

часот

Сподели

„Иако катастрофата се случи пред некое време, тие сè уште не се тука. Не добивме одговор. Шокиран сум“, кажа Зеленски за германските весници Билд и Велт и за бриселски Политико. Премиерот на Украина Денис Шмихал ги повика меѓународните организации да пружат итна помош.

„Руските окупатори не се ни трудат да им помогнат на тие луѓе, ги оставија да умрат. Ве повикуваме да преземете одговорност за евакуацијата на луѓето од регионот Херсон под руска окупација. Мораме да ги спасиме животите на луѓето кои окупаторите ги осудија на смрт“, кажа Шмихал.

Зеленски во изјавата кажа дека руски војници наводно пукале од далечина додека траеле обидите за спасување. „Штом нашите луѓе се обидуваат да помогнат, на нив се пука“, кажа украинскиот претседател, кој разговарал со францускиот колега Емануел Макрон за еколошката и хуманитарната ситуација во Херсон.

„Ги кажав општите потреби на Украина во соочувањето со катастрофата. Разговаравме за можноста за вклучување на меѓународните механизми за истражување на нејзините причини. разговаравме и за можноста ИАЕА (нуклеарниот надзор на ОН) и (нејзиниот шеф) Рафаел Гроси да ја засилат контролата на нуклеарната централа Запорожје“, кажа Зеленски.

ИАЕА објави дека базенот за ладење на реакторот во најголемата нуклеарка во Европа е полн и дека има залихи вода за повеќе месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ