сабота, 19 октомври 2024

Зеленски до лидерите на ЕУ: Благодарение на Украина вашите војници не се борат против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во шпанскиот град Гранада за да учествува на самитот на Европската политичка заедница, форумот кој би требало да поттикне соработка меѓу повеќе од 40 земји формиран по руската инвазија на Украина.

Објавено на

часот

Сподели

„Русија ја наруши Молдавија, се обиде да ја дестабилизира Грузија и да откине парче од Украина. Мораме да останеме единствени. Потребна е јасна порака која вели дека Русија нема шанси. Токму сега имаме прилика да нанесеме темелен пораз на руската агресија“, кажа Зеленски на самитот.

Зеленски пред европските лидери кажа дека верува во Америка и покрај политичките кризи и додаде дека Европа мора да биде спремна на сè.

„Драги колеги, благодарение на Украина, вашите војници не се борат против Русија. Сигурен сум дека никој од вас не сака да дознае како изгледа некој ден НАТО да мора да се заземе за некој од вас. Мораме да победиме во Украина за да не се рашири агресијата на (рускиот претседател Владимир) Путин“, кажа Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ