петок, 19 јули 2024

Зеленски до американските лидери: Не го чекајте ноември, помогнете ѝ на Украина веднаш

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон ги повика политичките лидери во САД да не го чекаат исходот од претседателските избори во ноември за да преземат решителни мерки за да и помогнат на неговата земја во војната против Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Сите го чекаат ноември. Него го чекаат Американците, како и Европа, Блискиот Исток, Пацификот, целиот свет, а да бидам искрен, и рускиот претседател Владимир Путин го чека ноември“, изјави Зеленски во говорот во Институтот Роналд Реган пред самитот на НАТО, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека е време да се излезе од сенка и да се донесат цврсти одлуки, да се дејствува и да не се чека ноември или кој било друг месец“.

Зеленски рече и дека не може да предвиди што ќе направи Доналд Трамп доколку повторно стане претседател.

Тој додаде дека се надева оти Трамп нема да го напушти НАТО и дека Америка ќе продолжи да ја поддржува Украина.

„Не го познавам многу добро“, рече Зеленски, додавајќи дека имал „добри средби“ со него, но дека тоа било пред војната во Украина во 2022 година.

Самитот на НАТО по повод 75-годишнината од Алијансата, на кој присуствуваат бројни светски лидери, меѓу кои и Зеленски, ќе трае до 11 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ