вторник, 22 октомври 2024

Зеленски бара построги санкции за компонентите на руските проектили

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше втор пат за нешто повеќе од една недела Зеленски да повика на построги правила за да се запре она што украинските власти го нарекуваат „ракетен терор“ врз цивилни цели.

Русија негира дека цели на цивили во Украина, но често погодува невоени згради, а последната е ракета што погоди станбена зграда и магацини во родниот град на Зеленски, Кривији Рих во централна Украина, при што загинаа 11 лица.

Зеленски рече дека ракетата користена во нападот содржела околу 50 компоненти произведени во други земји и дека ова прашање било разговарано со дипломатите во Киев во вторникот.

„За жал, Русија сè уште може да добие клучни компоненти за проектили кои ги произведуваат компании од различни земји, вклучително и партнерски земји“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Сите украински партнери имаат список на компании кои доставуваат такви производи во Русија, рече тој. „Јасно е дека е поевтино, еднаш засекогаш, да им се затворат патиштата за набавка на компоненти за терор на терористите отколку постојано да се троши на нови ракети за противвоздушна одбрана“, заклучи Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ