вторник, 22 октомври 2024

Здружението на судии одлучи дека иницијативата на ДКСК за одговорност на УО на АСЈО е ненавремена

Иницијативата за поведување постапка против претседателот и членовите на Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), е ненавремена, смета Здружението на судии откако Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побара од здружението да се произнесе за нивната иницијатива.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Иницијативата, е доставена на произнесување 23 мај 2024 година, па во тој правец Здружението утврди дека не е испочитуван рокот од 15 дена предвиден согласно член 33 став 7 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, и заради тоа утврди дека истата не е навремена и нема да навлегува во нејзина дополнителна анализа, за што во законски утврдениот рок ја извести Комисијата“, информираа од Здружението на судии.

ДКСК на 20 април 2024 година донесе одлука со која го усвои приговорoт на тогаш кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова против Академијата за постапка за прием на 130 слушатели на почетна обука и ја задолжи да ја стави постапката во мирување до завршување на претседателските избори. Против оваа одлука Академијата вложи тужба пред Управниот суд кој на 22 април 2024 година, тужбата ја одби како неоснована. По ова Академијата вложи жалба пред Вишиот управен суд кој на 26 април 2024 година ја одби жалбата и ја потврди пресудата на Управниот суд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ