четврток, 24 октомври 2024

Здружение на инженери: Истечен е рокот за потпишување договор за ХЕЦ Чебрен

Инженерите на Република Македонија се со став дека е истечен рокот за склучување на договор за заедничко вложување и основање на Друштво за посебна намена помеѓу грчкиот понудувач и Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од здружението велат дека ваквиот став го темелат врз основа на роковите определени со Одлуката на владата за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река од 14 септември 2023 година.

„Оваа одлука е влезена на сила на 15 септември 2023 година, а согласно точката 5 од истата, најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје. Со оглед дека рокот предвиден со оваа Одлука е истечен, сметаме дека било каков договор веќе не може да се потпишува“, реагираат од Здружението на инженери на Македонија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ