петок, 18 октомври 2024

Здравствен дом Скопје ќе вработи 40 нови здравствени работници

Објавено на

часот

Сподели

При денешната посета на новата амбуланта во општина Бутел, Исјановски соопшти дека огласот е објавен во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае пет работни дена.

„Ќе бидат примени 22 општи лекари, четворица специјалисти, потоа дефектолози, логопеди, психолози. Бројката е околу 40 и нешто вработувања во Здравствен дом – Скопје и ќе гледаме со тој кадар да се надополни во Брза помош и во превентивните пунктови каде што најмногу ни се потребни“, изјави Исјановски, споделувајќи информација и дека добиле допис од Министерството за здравство дека ќе добијат седум нови санитетски возила за Брза помош за Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ