петок, 25 октомври 2024

Здрава котлина ќе собира потписи за раскинување на договорот за двете концесии за руднкиот Иловица

Објавено на

часот

Сподели

Во еко повикот, како што го нарекуваат од Здрава  котлина ги повикуваат граѓаните да се потпишат, како што велат оттаму, „рудникот на смртта за заедно да ја продолжиме макотрпната борба за одземање и решавање на проблемот со концесиите за Иловица-Штука“. Според оваа невлдина организација она што треба да следи е целосно раскинување на договорите за двете концесии согласно Законот за минерални суровини.
 
„Со таа цел, во понеделник, 14 август 2023 година, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица во периодот од 20:00 часот до 21:30 часот, организираме настан на кој ќе можете во отворената книга да се потпишете против овој сериозен проблем кој може долготрајно да ѝ наштети на струмичката котлина и целата флора и фауна која егзистира на оваа територија. Ќе имате можност освен да го дадете вашиот потпис ‘против рудникот’, да го погледнете настапот во живо на бендот Стихири, да слушнете пригодни текстови и да погледнете документарен филм во кој се објаснети штетите од отворањето на рудникот и да слушнете неколку обраќања од еко активисти кои се дел од овој долгогодишен процес против корпорациите кои сакаат да ја уништат природната и здрава животна средина во нашиот регион. Повелете уште еднаш едногласно да кажеме, ne на рудникот на смртта!“, велат од Здрава котлина.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ