сабота, 19 октомври 2024
Стратегот може да направи сензационален кам-бек

Завршија на суд, му платија рекордна компензација од 26,6 милиони а сега сакаат да го вратат, Челси во контакт со Конте

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува Челси во скоро време да го потврди Френк Лампард за привремен тренер до крајот на сезоната, а паралелно се водат преговори со неколку имиња за долгорочен проект.

Луис Енрике беше во Лондон на разговори и се пишува дека поранешниот тренер на Барса ги импресионирал челниците на Челси, а позитивни преговори биле одржани и со Јулијан Нагелсман.

Како што пренесува Индипендент, во Челси размислуваат и за шокантно враќање на Антонио Конте, веќе се остварени контакти со Италијанецот и следната недела може да има средба.

Антонио Конте е последниот тренер кој на „сините“ им ја донесе титулата во Премиерлигата, но разделбата беше болна, двете страни завршија на суд и стратегот доби компензација од 26,6 милиони фунти, односно рекордна сума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ