сабота, 19 октомври 2024

Заврши изградбата на улицата Есенинова која ги поврзува Кисела Вода и Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Возачите кои од Кисела Вода возат по булеварот Борис Трајковски во насоката кон Центар, сега можат кај Рампа да се приклучат на новата улица која потоа продолжува покрај пругите и води кон амбулантата Пролет, каде се крстосува со булеварот Трета македонска бригада. Вкупната должина е 750 метри, со што малку се скратува патот, но што е поважно, се избегнува создавање сообраќаен метеж на крстосницата кај Јужен булевар.

 

Градот информира дека воедно е изградена нова водоводна и канализациска мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа.

Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата, се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите, наведова во соопштението градските власти.

Инаку, улицата започна да се гради во мандатот на претходниот градоначалник Петре Шилегов. Изградбата чини околу еден милион евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ