вторник, 22 октомври 2024

Заврши формалната интеграција на Финска во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Во претседателската палата во Хелсинки се одржа церемонија по повод завршувањето на процесот на воена интеграција на Финска, чиј домаќин беше финскиот претседател Саули Нинисто.

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за трансформација, генералот Филип Лавињ, и командантот на финските одбранбени сили, генералот Тимо Кивинен, потпишаа заедничка декларација со која се означува комплетирањето на интеграцијата на Финска во воената структура на НАТО.

Зборувајќи на церемонијата, Нинисто рече дека НАТО добива сојузник што сериозно ги сфаќа своите обврски.

„Процесот беше многу брз. Околу 30-те години блиска соработка и воена интероперабилност со НАТО го овозможија ова темпо“, додаде тој.

Нинисто ги повтори своите желби да ја види Шведска како сојузник во НАТО.

„Формалната фаза на интеграција е успешно завршена и финските одбранбени сили сега ќе ги задржат своите декларирани капацитети“, се вели во потпишаната заедничка изјава објавена на веб-страницата на финските одбранбени сили.

Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО веднаш откако Русија ја почна војната во Украина, во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ