вторник, 22 октомври 2024

Затвореник со лажнa бугарскa лична карта се обидел да замине во Грција

Синоќа, малку пред полноќ, затвореник кој имал добиено слободен викенд, се обидел со фалсификувана бугарска лична карта да замине во Грција преку преминот Богородица.

Објавено на

часот

Сподели

„На граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од село Баница, струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име.

При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд. Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ