петок, 25 октомври 2024

Две жени од Штип затруени од плин во кујна

Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.

„Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје“,  информираат од штипската болница.

Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, го потврди случајот и рече дека кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош.

Увидот сѐ уште е во тек и подетални информации ќе има во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ