сабота, 19 октомври 2024

Засилуваат немирите во Етиопија

Објавено на

часот

Сподели

Амхара, вториот најнаселен регион на Етиопија, е немирен од април, кога федералните власти ги разоружија регионалните сили во рамки на нормализацијата по двогодишниот оружен судир во соседниот регион Тиграј. Властите минатата година се обидоа да ја расформираат милицијата Фано.

Двата вида такви сили се бореа на страна на сојузните во Тиграј, но сега сојузната влада сака да ги централизира безбедносните овластувања.

Голем број Амхари, меѓутоа, се врзани за своите регионални борци и ја обвинуваат сојузната влада дека се обидува да го поткопа нивниот регион, што федералните власти го отфрлаат.

Заменик премиерот Демеке Меконен состојбата ја оцени како „сè посериозна“ и во средата повика на дијалог за мирно решение и опиша некои од тврдењата на жителите на Амхар како „разбирливи“.

Жителите на Амхара кажале дека демонстрантите ги блокирале патиштата и дека милицијата Фано им поставила заседи на воените единици, а дека државните функционери избегале од неколку градови.

Има извештаи и за борби по селата, со непознат број жртви.

Борбите го спречуваат опоравувањето на Етиопија од конфликтот во Тиграј, кој траеше од 2020 до 2023 година и се прошири на регионот Амхара, со огромна штета на инфраструктурата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ