вторник, 22 октомври 2024

Започнува судењето на Грета Тунберг

Судењето на климатската активистка Грета Тунберг започнува денеска за прекршок против јавниот ред и мир по протестите во центарот на Лондон минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дваесет и едногодишната девојка од Шведска беше уапсена за време на протест во близина на хотелот Интерконтинентал во Лондон на 17 октомври, каде што директори на нафтени компании се состанаа на Форумот за енергетска интелигенција.

Тунберг и уште двајца демонстранти од Фосил фри Лондон (ФФЛ) и Гринпис се изјаснија пред судот на Вестминстер во ноември дека не го прекршиле Законот за јавен ред од 1986 година со блокирање на влезот во хотелот.

Се очекува да пристигне во истиот суд на дводневно судење почнувајќи во четврток наутро.

Британската активистка на Гринпис Маја Дарлингтон оцени дека „прогонството на Грета и другите мирни демонстранти покажува дека владата повеќе се грижи за зголемување на профитот на нафтените газди отколку за борбата за иднината на сите нас“.

Наместо „справување со климатските активисти“, владата на Обединетото Кралство „треба да ги принуди Шел и остатокот од нафтената индустрија да престанат со дупчењето и да почнат да плаќаат за штетата што ја предизвикуваат на нашата планета и на сите што живеат на неа“, рече Дарлингтон.

Фосил фри Лондон, кој се бори против употребата на фосилни горива, исто така стои со Тунберг и демонстрантите: „Велика Британија ги криминализира мирните климатски активисти како Грета, додека во хотелите во Лондон поставува црвен тепих за климатските криминалци“, рече портпаролката на ФФЛ, Џоана Ворингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ