вторник, 22 октомври 2024

Започнаа состаноците во ВМРО-ДПМНЕ за министерскиот состав на владата на Мицкоски

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја започна седницата на која ќе биде донесена одлука за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе ја предложи мандатарот и лидер Христијан Мицкоски. Во 19 часот предвидено е предлозите од Извршниот комитет да се најдат пред членовите на Централниот комитет. Ако временски расправата помине според планот, во 20 часот Мицкоски ќе одржи прес-конференција преку која јавноста ќе ја запознае со имињата на министрите и замниците министри кои ќе бидат дел од предлогот што ќе го достави до Собранието на Македонија.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на седницата на Извршниот комитет новинарите зедоа изјава од Зоран Љутоков чие име се споменуваше за министер на новото, реформирано министерство кое ќе претставува спој на културата и туризмот – Министерство за култура и туризам. На прашањето дали тој ќе биде министер, Љутков не одговори.

„Какви ќе бидат одлуките да оставиме тоа да го соопшти претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Љутков.

На прашањето може ли да биде добар тој спој на култура и туризам во едно министерство, Љутков одговори потврдно.

„Долго време е правена анализа и според неа токму ова министерство ќе даде импулс за развој во двата сектора“, одговори Љутков.

Инаку, одамна во јавноста се споменуваат имиња на носители на министерски функции, но сепак досега од ВМРО-ДПМНЕ не дојде ниту една потврда за ниту еден ресор.

Засега, познати се имињата на идните министри од редовите на коалицијата Вреди и партијата ЗНАМ.

Рокот од 20 дена за состав на владата започна да тече од 6 јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Според тоа што досега го има изјавено Мицкоски, предлогот за новата влада тој како мандатар во Собранието на Македонија ќе го достави во вторник, а седницата за избор на влада ќе започне во сабота. Според собранискиот деловник, владата ќе се избере најдоцна за два дена, што значи во идната недела на полноќ. За избор на владата е доволно мнозинство од 61 пратеник, што нема да биде никаков проблем.

ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 пратеници, Вреди 14, а ЗНАМ шест.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ