вторник, 22 октомври 2024

Започна третото испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот

Од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима денеска започна третото испуштање на 7.800 тони прочистена радиоактивна отпадна вода во океанот.

Објавено на

часот

Сподели

Јапонските власти рекоа дека двете претходни испуштања поминаа без проблем, објави АП.

Операторот на нуклеарната компанија ТЕПКО, како што се наведува, испуштил 7.800 тони прочистена вода во секое од првите две испуштања и планира да испушти иста количина во третата серија до 20 ноември.

Испуштањето на прочистената радиоактивна вода од Фукушима започна во август и ќе продолжи во наредните децении.

Околу 1,34 милиони тони радиоактивна отпадна вода се складирани во околу 1.000 резервоари во нуклеарната централа, која беше тешко оштетена во катастрофалниот земјотрес и цунами во 2011 година.

На испуштањето на прочистената радиоактивна вода од Фукушима во океанот силно се спротивставуваат риболовните групи и соседните земји, вклучително и Јужна Кореја, каде стотици луѓе организираа протести.

Кина го забрани увозот на сите јапонски морски плодови, што им наштети на јапонските производители и извозници.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека доколку испуштањето се одвива според планираното, тоа ќе има незначително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ