понеделник, 21 октомври 2024

Започна судењето на родителите на Коста К.

Во Високиот суд во Белград денеска треба да почне судењето на таткото и мајката на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет деца и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“. Обвинителството и одбраната треба да дадат воведни зборови и доказни предлози, а обвинетите ќе се изјаснат за вината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За утре е закажано уште едно рочиште. Покрај таткото Владимир К. и мајката Миљана К., обвинети се и Ратко И., сопственикот на стрелачкиот клуб во кој момчето учело да пука и инструкторот во тој клуб Немања М., пишува Телеграф.

Во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград беше предложено судот да го осуди Владимир К. на максимална затворска казна од 12 години, неговата мајка Миљана К. на затворска казна од две и пол години, додека за сопственикот на стрелачкиот клуб „Партизан практикал шутинг“ Ратко И. и инструкторот во тој клуб Немања М. предложена е казна затвор од по три години.

Владимир К. се товари за тешко кривично дело против безбедноста, бидејќи го обучувал својот 13-годишен син да ракува со воздушно и огнено оружје, го водел на стрелиште, кое не е соодветно за возраста на момчето и бидејќи не го чувал оружјето на безбеден начин како што е предвидено со закон.

Вишото јавно обвинителство веднаш поднело кривична пријава и против мајката на момчето, Миљана К., за кривично дело недозволено изработување, држење и носење оружје и експлозивни материи. Претседателот на Стрелачкиот клуб и инструкторот во тој клуб се обвинети дека дале лажна изјава.

Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од членовите на семејствата на убиените и за надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ