петок, 8 ноември 2024

Амнести интернешнел бара од европските земји да престанат да му продаваат оружје на Израел

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнел изрази загриженост поради продолжувањето на продажбата на оружје од европските земји на Израел, повикувајќи на целосно „ембарго на оружјето“ поради „сериозно прекршување на човековите права“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Државите треба еднострано да му воведат ембарго на Израел, кое ќе ги вклучува не само оружјето и системите што доаѓаат од нивните држави, туку и запирање на учеството во синџирите на снабдување на оружени системи што на крај завршуваат во Израел“, рече Патрик Вилкен, политички советник на Амнести интернешнел за контрола на оружјето и истражувач за заштита на човековите права, во интервју за Анадолу.

Европските земји се потписнички на Договорот за трговија со оружје од 2013 година, кој им забранува да дозволуваат трансфер на оружје што би можело да се користи во напади врз цивилни цели, наведува агенцијата.

Вилкен ја нагласи важноста на почитувањето на меѓународните правни обврски, вклучително и Договорот за трговија со оружје, со цел да се спречи трансферот на оружје во конфликтните зони и да се запазат принципите на заштита на човековите права.

Според Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ), САД се најголемиот снабдувач на оружје за Израел.

Германија е најголемиот снабдувач на оружје на Израел од Европа, соопшти СИПРИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ