вторник, 22 октомври 2024

Започна електронското пријавување за запишување во средните училишта

Од денеска до вторник, 25 јуни, до 15 часот, ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за образование и наука информира дека и оваа година го овозможи електронското аплицирање со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта.  Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk)  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН велат дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

„Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава“, појаснуваат од МОН.

На крајот на март МОН го објави  Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Во него се наведени потребните документи, начинот на аплицирање и конкурсните рокови.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места по првото пријавување, секое училиште треба да ја објави на 26 јуни најдоцна до 9 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ