петок, 25 октомври 2024

Западните лидери најавија 1,2 милијарди долари за производство на вакцини во Африка

Западните лидери и фармацевтски компании најавија денес на самитот во Париз дека ќе финансираат 1,2 милијарди долари за производство на вакцини во Африка, која се соочува со бројни здравствени кризи, вклучувајќи епидемија на колера.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Африканскиот акселератор на производство на вакцини „ќе биде важен чекор кон вистински африкански пазар на вакцини“, кажа францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на самитот во Париз. Три четвртини од овие финансиски средства ќе бидат од Европа, најави Макрон на самитот, на кој присуствуваа лидери од Боцвана, Руанда, Сенегал, Гана, како и гостувачки министри, здравствени групации и фармацевтски компании.

Германија во оваа шема ќе придонесе со 318 милиони долари, кажа германскиот канцелар Олаф Шолц во видео-порака. Франција ќе вложи 100 милиони долари, а Британија 60 милиони долари, додека другите донатори се САД, Канада, Норвешка, Јапонија и Фондацијата Гејтс.

Шемата „може да стане катализатор за промовирање на фармацевтската индустрија во Африка и поттикнување соработка меѓу државите членки“, кажа лидерот на комисијата на Африканската унија Муса Факи Махамат. Африка увезува 99 отсто од вакцините „по претерана цена“, додаде тој.

Пандемијата на ковид-19 фрли светло на нееднаквата глобална дистрибуција на вакцините, бидејќи западните земји во кои се наоѓаат големите фармацевтски компании ги разграбија дозите, оставајќи ја Африка далеку зад себе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ