вторник, 22 октомври 2024
Средба на министерот Муцунски со амбасадорот Клаин

Западен Балкан е меѓу приоритетите на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин денеска оствариле средба на која Муцунски изразил задоволство што за Унгарија, како претседавач со ЕУ, Западниот Балкан е меѓу приоритетите.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока“, информираат од МНР.

На средбата, министерот Муцунски истакнал дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.

Двете страни, како што е наведено, се осврнале и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците размениле мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми, велат од МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ