четврток, 24 октомври 2024

Заниоло со гол во 98. минута ја спаси Астон Вила од шокантен пораз против Шефилд (ВИДЕО)

Шефилд јунајтед ја прекина серијата од 15 победи по ред на Астон Вила на Вила Парк, одигра 1-1, а беше ептен блиску и до голем триумф.
 

Објавено на

часот

Сподели

Астон Вила во мечот против Шефилд јунајтед влезе како огромен фаворит, киксна откако одигра реми, но многу малку фалеше да доживее шокантен пораз.

Астон Вила прва се израдува на гол, но погодокот на Бејли во 59. минута беше поништен поради прекршок.

Во 87. минута Арчер донесе водство за Шефилд јунајтед, го замолкна Вила Парк.

Кога се чинеше дека Шефилд ќе дојде до изненадувачка победа, Заниоло погоди со глава во 98. минута за израмнување на резултатот на 1-1.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ