сабота, 19 октомври 2024
НБА

Попусти беа 60 поени на Кари, Дончиќ и повреден постигна 40 поени (ВИДЕО)

Стеф Кари имаше фантастична вечер, постигна 60 поени но Голден Стејт загуби на гостувањето кај Атланта, Лука Дончиќ и повреден постигна 40 поени но ја загуби пресметката против Јанис Адетокумбо.

Објавено на

часот

Сподели

НБА натпреварите кои се одиграа утрово донесоа неколку интересени пресметки.

На дуелот помеѓу Атланта и Голден Стејт, Стеф Кари постигна дури 60 поени, но фантастичната партија на крајот беше залудна, домаќините по продолженија славеа со 141-134.

Во Милвоки, Лука Дончиќ се повреди на стартот од натпреварот, но се врати на паркетот, постигна 40 поени и 11 асистенции, за жал неговиот Далас испушти предност од 25 поени и загуби од „Бакс“.

Јанис Адетокумбо блесна со 48 поени и 10 асистенции, одличен беше и Лилард со 30 поени па домаќините ја однесоа победата со 129-117.

НБА резултати:

Атланта-Голден Стејт 141:134
Њујорк-Л.А Лејкерс 105:113
Далас-Милвоки 117:129
Сан Антонио-Кливленд 101:117
Чикаго-Сакраменто 115:123
Филаделфија-Бруклин 121:136

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ