вторник, 16 јули 2024

Заложничката криза во рускиот затвор заврши, специјалци упаднаа и ги убија киднаперите (ВИДЕО)

Руски специјалци денеска упаднаа во центар за притвор во јужниот град Ростов, при што убиле неколку киднапери и ослободиле двајца чувари кои биле држени под закана со нож од затвореници поврзани со Исламската држава, пренесоа руските медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На видеото објавено на руски канали на Телеграм се слуша интензивен оган. „Криминалците се елиминирани“, објави руската Федерална затворска служба во соопштението пренесено од новинската агенција Интерфакс.

„Вработените кои беа држени како заложници се ослободени. Тие не се повредени“, соопштија од затворската служба.

Шестмина затвореници држеле двајца чувари како заложници во центар за притвор во јужниот руски регион Ростов, тврдејќи дека се поддржувачи на Исламската држава, објави рано утринава каналот на Телеграм База, кој има извори во руската полиција.

Се вели дека шестмината мажи, кои биле задржани во истражниот затвор, биле вооружени со ножеви.

Тие се соочувале со обвиненија за тероризам, вклучително и поврзаност со Исламска држава (ИД).

Тие барале возило, огнено оружје и слободен излез од центарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ