петок, 22 ноември 2024

Зајкова за МКД.мк: Не е точно дека засега ја напуштаме коалицијата со СДСМ, ЛДП продолжува да делува независно во Собранието

Не е точна веста дека Либерално-демократската партија на Македонија (ЛДП) ја напуштила коалицијата со СДСМ, вели во изјава за МКД.мк претседателката Моника Зајкова откако вечерва медиумите објавија дека партијата ја напушта коалицијата со СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички субјект, а до локалните избори има уште многу време. За понатамошните чекори и за тоа како ќе делува ЛДП ќе одлучуваат партиските органи“, вели за МКД.мк, Зајкова.

Претходно вечерва ТВ 21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ