недела, 24 ноември 2024

Зајков: Во составот владее еуфорија, ќе се обидеме да победиме и на двата натпревари

Пред фудбалската репрезентација на Македонија се последните два натпревари од Лигата на нации, мечевите против Летонија и Фарски Острови по кои треба да го завериме првото место во групата.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот дефанзивец, Ѓоко Зајков смета дека треба да ги добиеме и двата натпревари.

„Добро се чувствуваме, владее еуфорија кај сите. Добро е што последните натпревари ги играме на домашен терен пред нашата публика. Ќе се обидеме двата натпревари да ги победиме, овие шест бода многу би ни значеле за понатаму. Победивме во Рига, но резултатот не беше слика на тој меч. Летонија е добар противник, на овој натпревар мора повеќе да бидеме фокусирани во одбрана, на тие транзиции, и да дадеме едноставно максимум и во одбранбениот и напаѓачкиот дел и да потврдиме дека сме биле подобар противник во првиот меч. Нема некоја разлика на сите натпревари, ние исто се подготвуваме, дали против Италија или со Летонија, секој натпревар се подготвува исто. Значи, се прават анализи, тренираме максимално, тактички, и на секој меч одиме со иста цел, да победиме“, изјави Зајков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ