петок, 18 октомври 2024

Захарова: За разлика од Украина, Србите не ја напуштија својата историја

Српскиот народ е способен да ги издржи обидите на Западот да се плетка во нивните внатрешни работи и да ја разгори кризата во земјата, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова за телевизијата Русија 24.

Објавено на

часот

Сподели

„Гледаме дека постојат многу сериозни компоненти на таа западна интервенција во Србија, мешање во внатрешните работи. Она што е најважно, Србија и српскиот народ ја имаат таа отпорност. Тоа е едно големо искушение, тоа е долг пат на спротивставување на налетите на Западот со кои Србија сега се обидува да се носи, но јас верувам во нив. Уверена сум дека без оглед на сценариото кое Западот го планира, српскиот народ има со што да одговори“, кажа таа.

Истакна дека Србите ја знаат својата историја и „никогаш, за разлика од Украина, не ја напуштиле“.

„Тие свето им оддаваат почит на сите оние кои не само работеле за напредок на својата држава туку и ги жртвувале своите животи во 20 век, како и пред тоа. таа отпорност е длабоко вкоренета и не може лесно да се скрши или едноставно да се откаже“, оцени Захарова.

Опозицискиот блок „Србија против насилството“ тврди дека парламентарните и локалните избори во земјата одржани на 17 декември се наместени. Опозициските демонстранти на 24 декември насилно се обидоа да влезат во зградата на градското собрание во Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ немирите во Белград ги нарече напад на суверенитетот на земјата, додека премиерката Ана Брнабиќ кажа дека Москва го предупредила Белград на можни немири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ