четврток, 25 јули 2024

Захарова: Русија може да користи нуклеарно оружје само за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

„Руската политика за нуклеарно одвраќање е строго одбранбена. Хипотетичката употреба на нуклеарно оружје е јасно ограничена на вонредни околности во рамки на строго одбранбени цели“, рече таа на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ).

Захарова истакна дека Москва е целосно посветена на принципот на неприфатливост на нуклеарна војна во која, како што наведува, не може да има победник и никогаш не смее да се случи, пренесува ТАСС.

„Доследно ги повикуваме сите други страни да се приклучат на заедничката изјава на лидерите на петте нуклеарни држави за спречување на нуклеарна војна и неприфатливоста на трката во вооружување“, рече таа.

Во исто време, таа не исклучи дека Русија би можела да ја промени својата одлука за суспендирање на договорот за намалување на стратешкото оружје (Нов СТАРТ).

„Во овој случај, да, само доколку Вашингтон покаже политичка волја и направи напори за ублажување на тензиите и деескалација и создаде услови за продолжување на целосното функционирање на договорот“, додаде Захарова.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно денеска изјави дека Алијансата не гледа индикации дека Русија го сменила својот нуклеарен став по изјавите на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека неговата земја добила нуклеарно оружје од Москва, кое нема да се двоуми да го користи.

Лукашенко во вторникот рече дека нема да се двоуми да нареди употреба на руското тактичко нуклеарно оружје, кое би требало да биде распоредено во Белорусија, доколку неговата земја биде нападната.

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на оваа година објави дека планира да распореди нуклеарно оружје со краток дострел во Белорусија и нагласи дека Москва ќе ја задржи контролата врз тоа оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ